Ќерката на пејачката Бијонсе, Блу Ајви, доби награда за песната Skin Girl, која ја посвети на нејзината мајка. Таа победи на натпреварот Soul Train, кој се одржа во Лас Вегас, во конкуренција со уште петмина учесници.
Во песната Skin Girl, Ајви пее за жените со темна боја на кожата. Откако ја прими наградата, таа ја сподели со нејзините родители, татко ѝ, популарниот рапер Џеј-Зи, и мајка ѝ Бијонсе.
Фановите на „Твитер“ ѝ испратија на Ајви голем број честитки. „Седумгодишната Ајви успеа“, беа голем број од коментарите кои ќерката на Бијонсе ги доби на социјалните мрежи.
Бијонсе и Џеј-Зи, покрај Ајви ги имаат и двегодишните близнаци Сира и Руми.