Боб Сегет починал од удар на главата

Глумецот и комичар Боб Сагет (65), кој беше пронајден мртов во хотелска соба во Орландо минатиот месец, починал од траума на главата, откако случајно ја удрил, соопшти неговото семејство.

Сагет најверојатно си го удрил задниот дел на главата и легнал да спие без да размисли за можните последици од ударот, рекле од семејството во изјава за „Ројтерс“.

„Не станува збор за дроги или алкохол или убиство. Додека продолжуваме да тагуваме заедно, бараме од сите да се сетат на љубовта и смеата што Боб ги донесе на овој свет и лекциите на кои нè научи сите нас“, кажале од семејството.

Сегет се прослави како водител на емисијата „Најсмешните американски видеа“, а потоа и со хумористичната серија „Полна куќа“.

За потсетување, актерот бил пронајден мртов во соба во хотелот „Риц-Карлтон“ во Орландо, Флорида. Службениците од канцеларијата на шерифот на округот Оринџ пристигнале по повик од персоналот на хотелот и констатирале смрт на местото на настанот.

Scroll to Top