Италијанскиот тенор, Андреа Бочели, откри дека имал Ковид-19 еден месец пред да настапи во празната катедрала Дуомо во Милано за Велигден. Тој вели дека целосно оздравел, но дека целото искуство со короната за него бил кошмар.
„Тоа беше трагедија, целото мое семејство беше заразено“, рече 61-годишниот Бочели кога излегуваше од болницата во Пиза, каде што со сопругата донираа крв за истражувањата за Ковид-19, а изјавата ја пренесоа италијанските ммедиуми.
Инаку, Бочели одржа одличен получасовен концерт во Милано на 12 април за да го крене духот на Италијанците среде најголемата криза со коронавирусот. Настапот го следеа милиони луѓе низ цел свет преку Јутјуб.
Синоќешниот концерт на Бочели во празната Миланска катедрала има 25 милиони прегледи