Богатството на кралот Чарлс изнесува над 680 милиони евра

Имотот на кралот Чарлс се проценува на 600 милиони фунти, односно околу 680 милиони евра, пишува „Сандеј Тајмс“. Богатството наводно го надминува и она на мајка му, покојната кралица Елизабета Втора, која според пресметките од минатата година, изнесувало 370 милиони фунти.

Кралското богатство вреди повеќе и од на некои од познатите милионери како што се Дејвид и Викторија Бекам и пејачот Сер Елтон Џон. Кралското богатство, меѓу останатото брои и два приватни кралски имоти познати како војводства, имотот Сандрингам и замокот Балморал.

Работата на престолонаследникот е да се погрижи за Војводството Корнвол, додека Војводството Ланкастер е под контрола на владејачкиот монарх. Кралот Чарлс го превзема војводството Корнвол на 21 година, во 1969 година. По смртта на кралицата, приватниот имот го наследи принцот Вилијам.

Чарлс за време на водењето на Корнвол, во периодот  меѓу 2011 и 2012 година, ја зголеми годишната заработка за 42,6%, односно на 25,4 милиони фунти, тврди анализата. Во истиот период, богатството на војводата се зголеми за речиси 50%, на 1.04 милијарди фунти.

Според листата, повеќето од тие пари потекнуваат од изнајмувањето на комерцијалните недвижности во другите подрачја во Англија. Кралот меѓу 2012 и 2022 година заработил 212,7 милиони фунти од војводството. Доброволно платил данок на доход на тој износ.

Бившиот кралски советник, исто така за „Сандеј тајмс“, рече дека Чарлс станал внимателен во криењето на пари добиени од војводството, по скапиот развод со покојната принцеза Дајана.

Имотот на Сандрингам и дворецот Балморал наводно се највредните имоти на кралто. Сандрингам вреди 245 милиони фунти, а Балморал 2010 милиони. Сандригам донесува нешто пари и од туризмот и сафари турите. Со тоа, на имотот е и компанија за сок од јаболки Sandringham Apple Juice, па приходи доаѓаат и од неа. Кралот својот дел од богатството го има заработено и од линиите со храна и производство под името Duchy Originals. Иако има поприлично многу пари, Чарлс е познат како прилично штедлив човек.

Како што тврди „Сандеј Тајмс“, поради својата љубов кон околината, многупати се појавуваше во исти костуми и други парчиња облека.

 

Scroll to Top