Бојан Крижај ја продава куќата поради долгови

Прославениот југословенски скијач Бојан Крижај банкротира, па мора да ја продаде куќата како би ги подмирил долговите кои изнесуваат 1,7 милиони евра. Куќата има 711 квадрати, а се наоѓа на парцела од 19 илјади квадрати во градот Тржице кој е блиску до австриската граница. Иако беше еден од најдобрите скијачи на сите времиња, сепак во бизнисот не се снајде најдобро.

Најпрво увезуваше австриско пиво во Словенија, а работеше и како советник за спортската опрема „Елан“, меѓутоа истото не вроди со плод. Фирмата Сортитус во Хрватска исто така му пропадна, а среќа немаше ниту со сточниот комплекс во Копер.

Лошите инвестиции на Крижај конечно дојдоа на наплата, па сега човекот на кого му се воодушевуваше цела Југославија мора да остане и без својата куќа.

Scroll to Top