Боно снима докуметарен филм за концертот на „У2“ одржан во Сараево

Пејачот Боно снима документарен филм за концертот одржан во Сараево во 1997 година на групата „У2“. Документарецот ќе го има насловот „Бакни ја иднината“. Музичарот идејата ја добил по посетата на Киев. Продуценти на филмот се Бен Афлек и Мет Дејмон.

„Групата „У2“ отсекогаш покажувала солидарност со луѓето што се угнетувани. Кога Еџ и јас патувавме за Киев, не размислував за Сараево. Сепак, набргу се појавија сите спомени. Документарецот ќе ги поврзе нападите на Сараево со оние на Киев. Режисер е Ненад Цицин-Саин. Филмот исто така зборува за улогата на уметноста во давањето надеж на луѓето што треба да живеат во војна“, изјавил Боно за „Индивајер“.

Пораката на филмот е: Жителите на Украина допрва ќе преживеат сѐ што преживеало Сараево.

Врската меѓу „У2“ и Сараево постои од 1993 година и турнејата „Зоо ТВ“, каде што Ирците се обидоа да го свртат светското внимание на војната во Босна и Херцеговина. Американскиот новинар и хуманитарен работник Бил Картер вршеше пренос од концертот во Верона, Италија, од јули таа година.

Поради војната, групата „У2“ не можеше да дојде во Сараево, но ветувањето го исполни четири години подоцна. Го свиреа вообичаениот репертоар, но и песната „Мис Сараево“, напишана за натпреварот за најубава девојка што се одржа во Сараево, и тоа во војната.


Scroll to Top