Божиќни обичаи на британското кралско семејство

Британското кралско семејство има свои божикни традиции. Кралицата оди во куќата Сандрингем во Норфок на 19 или 20 декември, а другите членови ѝ се придружуваат на Бадник околу ручек. За нивните обичаи во британските медиуми проговори Дерен Мекгрејди, поранешен кувар на кралицата Елизабета, принцезата Дијана и принцовите Вилијам и Хари.

Членовите на семејството се со германско потекло, па ги вклучуваат германските традиции во своите прослави. По попладневниот чај, ги отвораат подароците на Бадниковата вечер, според германска традиција. На божикното утро семејството јаде богат појадок, па одат во црква. Потоа ручаат салата со ракчиња или јастог, печена мисирка и други традиционални јадења, а за десерт се јаде новогодишен пудинг со бренди. Потоа целото семејство се собира пред телевизорот и го гледаат говорот на кралицата за Божик.

Семејството повторно се собира вечерта, а вечерата вклучува 15 до 20 различни јадења. Пред вечерата шефот на кујната доаѓа на главната маса и го засекува печењето (ребра, мисирка), а откако ќе заврши, кралицата го претставува пред сите и наздравува со чаша виски. Ова е единствениот пат кога шефот оди во трпезаријата и пие виски заедно со кралското семејство.

 

Scroll to Top