Брајан Остин Грин чека дете со новата девојка

Брајан Остин Грин откри дека чека прво дeте со новата девојка Шарн Бурџис, со која е неколку месеци во љубовна врска. Тој ја сподели веста за бременоста неколку дена пред официјално да се разведе со Меган Фокс.

Меган и Брајан официјално се разведоа две години откако поднесоа барање до судот во Лос Анџелес. За време на разводот Меган почна љубовна врска со музичарот Машин Ган Кели. Таа покрена постапка за развод во декември 2020 година, откако изјави дека има непомирливи разлики што довеле до нивна разделба.

Речиси една година подоцна, поранешните сопружници поднесоа барање за развод, но американските медиуми пишуваат дека доцнело финализирањето на тужбата, бидејќи судијата им ја вратил документацијата што не ја пополниле правилно. Брајан за странските медиуми потврди дека тие всушност се разделиле уште во 2019 година.

„Таа секогаш беше искрена со мене и јас секогаш бев искрен со неа. И знам дека таа секогаш ќе ме сака и знам, што се однесува до семејството, она што го изградивме е навистина посебно. Затоа решивме да се погрижиме да не го изгубиме. Без разлика на се, секогаш ќе бидеме пријатели и обединети поради децата“, рече Брајан.

Парот се венча во 2010 година и заедно имаат три деца Ноа (9), Боди (7) и Џорни (5).

Scroll to Top