Судот во Лос Анџелес сакал да го одбие барањето за развод поднесен од актерите Бен Афлек (50) и Џенифер Гарнер (50) поради предолгиот процес.
„Ако не преземете конкретни чекори во овој случај, судот може да го отфрли вашиот случај поради доцнење во казнената постапка“, велат од судот.
Двојката минала десет години во брак, а заедно ги имаат синот Самуел (10), ќерката Серафина Роуз Елизабет (13) и Вајолет Ен (16). Сопружниците почнале да живеат одвоено во 2015 година, но нивната бракоразводна парница траеше скоро четири години. Афлек од неодамна е во брак со Џенифер Лопез.
На пејачката Мараја Кери (54) и нејзиниот втор сопруг, раперот Ник Канон (41), им биле потребни две години за службено да се разведат. Иако повеќе не се во брак, и двајцата се во одлични односи и заедно ги одгледуваат нивните близнаци Морокана и Монро (11). Понекогаш се појавуваат заедно и на црвениот тепих.
Можеби најдолгиот развод во историјата на Холивуд им припаѓа на новинарката Марија Шрајвер (66) и актерот Арнолд Шварценегер (75). Марија уште во 2011 година ги предала документите за развод затоа што дознала дека сопругот има вонбрачна афера и дете. Поранешните сопружниците сè уште не успеале да се договорат околу поделбата на имотот и сè уште се во брак.
Актерката Гвинет Палтроу (49) и фронтменот на групата „Голдплеј“, Крис Мартин (45), биле во брак 13 години. Ги имаат ќерката Епл (19) и синот Мосес (16). Откако одлучиле да се разведат, две години ги решавале формалностите на суд. Гвинет по ова се омажи за продуцентот Бред Фалчук (51), а Крис е во врска со актерката Дакота Џонсон (32). Но поранешните сопружниците и понатаму се во пријателски односи.
Разводот меѓу пејачката Џенифер Лопез (53) и нејзиниот поранешен сопруг Марк Ентони (53) траел три години. Двојката ги има близнаците Максимилијан и Еми (14), а година дена откако ги предале документите за развод, се бакнале на нивниот заеднички концерт.
Ѕвездата на реалното шоу Клои Кардашијан (38) била седум години во брак со Ламар Одом (42). Кошаркарот е фатен во афера во бордел по што Клои ги предала документите за развод. Но, година дена подоцна таа се грижела за него, поради тоа што била загрижена за неговата влошена здравствена состојба. Кога ги увидела приоритетите, сфатила дека разводот е најдобро решение.
Холивудскиот актер Ричард Гир (72) неодамна застана пред олтар со Алехандра Силва (39), но пред тоа бил во брак со Кери Ловел (61). Поминале четири години во бракоразводна агонија.