Еден од најозборуваните разводи во Холивуд е оној на Анџелина Џоли и Бред Пит. Веќе се појавија шпекулации дека актерката жали за сè што му направила на Бред Пит. Актерот, пак, кажал дека не е заинтересиран за чувствата на неговата поранешна сопруга, изјавил извор за „Холивуд лајф“. Според него, Бред немал желба да биде повторно со Анџелина.
Според зборовите на изворот близок до ѕвездата, последните години им било пекол во бракот, се пожали Бред Пит. Бред дури се сомнева дека ја познава сегашната Анџелина. Тој не можел да поверува дека жената што ја сакал и се омажила за него, ќе го претстави во таква слика на светот.
„Тој сега размислува само за децата – тие се сé за него”, пишува „Холивуд лајф“.
Двојката се раделија во септември 2016 година. По 12 години заеднички живот, Џоли поднесе барање за развод и ги собра нивните шест деца – три биолошки и три посвоени па замина од нивниот заеднички дом.