Бракот на Трамп и Меланија е на климави нозе покажува божиќниот портрет

Односот меѓу Доналд и Меланија Трамп е на климави нозе. Ова го тврдат експерти за говор на тело, кои своите анализи ги направиле гледајќи го божиќниот портрет на најмоќниот човек на светот ѝ првата дама на САД.

Експертите од нивната поставеност на фотографијата ѝ изборот на облека можат да проценат што се случува со нив двајцата.

Меланија ја објавила фотографијата на својот Твитер профил. На фотографијата двајцата се држат за раце ѝ се смешкаат. На прв поглед делува дека со нив двајцата е се во ред, велат експертите. Но откриваат дека зад оваа фотографија се крие поинаква вистина.

Фотографијата е направена пред почетокот на Конгресниот бал во Белата куќа. Трамп носи смокинг, а Меланија е облечена во бел вечерен фустан. Двајцата се во празнично расположение ѝ изгледаат весело. Опкружени се со божиќни елки.

Со години се шпекулира дека односот меѓу Меланија и Доналд не е најсјаен. Двојката ретко кога покажува наклоност во јавноста. Но, гледајќи ги како се држат за раце, фотографијата претставува мелем за очи, пренесува Independent.

Експертите за говор на тело интезивно ја проучувале фотографијата и велат дека и покрај тоа што се држат за рака, тешко е дека оваа фотографија покажува љубов и нежност.

„Ако се продлабочите во толкувањето на фотографијата, ќе почувствувате напнатост во истата. Постојат многу работи кои покажуваат наклонетост, грижа и желба да се споите со некого. Тоа тука го нема. Во прашање е лабаво држење за раце, а ако погледнете внимателно во раката на Меланија, ќе забележите дека е малку подигната. Се гледа дека ниту Трамп не ужива во овој момент, а неговиот палец некако невнимателно е излезен надвор од нејзината дланка“, вели Пети Вуд, експерт за говор на тело.

„Ако внимателно го погледнете Трамп, ќе забележите дека неговиот палец е исправен и покажува на него, наместо да го потпре на нејзината рака, што би претставувало нормален показател на љубов и нежност“, вели Вуд.

Експертите забележаа дека на фотографијата ѝ оваа година, како минатата, го нема нивниот син Бартон, ниту пак црвените божиќни елки, со кои Меланија во изминатиот период постојано се фалеше во медиумите.

 

 

Scroll to Top