Братот на Меган Маркл, Томас Маркл вели дека ја изгубил работата и останал без покрив на главата поради војвотката, пишува „Дејли Мејл“. Поради неговото презиме никој не сакал да го вработи.
Неможејќи да најде работа, тој вели дека морал да спие под мост и да проси на улица.
„Меган требаше и мораше да биде похумана кон нас. Тоа што сме роднини не уништи и мене и моето семејство“, вели Томас, кој објаснил дека морал да се пресели кај мајка му во Ново Мексико, затоа што немал каде да живее.
„Останав бездомник и морав да спијам под мост со натписот на картонот и просејќи пари. Тоа што Меган се најде на кралскиот пиедеста и гледа што се случува со нејзиното семејство, а не превзема ништо е нешто што целиот живот ќе ја прогонува. Таа требае да биде похумана кон нас“, вели Томас.