Откако глумицата и дизајнерка Мери Кејт Олсен (33) поднесе барање за развод од сопругот Оливие Саркози (51), во јавноста се раширија приказните дека ситуацијата меѓу нив станала многу непријатна долго пред таа да побара развод. Наводно, Оливие ја избркал Мери Кејт од нивниот заеднички дом, а што таа си отишла, Саркози ги поканил бившата сопруга Шарлот Бернар, нивните две деца и неговата мајка да се вратат во домот во кој живееше со Олсен.
Според извори блиски до братот на поранешниот претседател, Оливие бил загрижен за нивната безбедност заради пандемијата во ЊујЈорк, каде што тие живееле, па затоа ги повикал во неговиот дом во Бриџхемптон. Тоа дополнително ја влошило и онака лошата ситуација во бракот со Мери Кејт.
Олсен и Саркози беа во брак 5 години. Претходно тој беше оженет со писателката Шарлот Бернар од 1997 до 2010 година, а службено се разведоа една година подоцна. Врската со Мери Кејт ја започна во 2012 година и три години потоа се венчаа на мала, приватна церемонија.