Бред Пит и Џенифер Анистон повторно заедно

Поранешните сопружници Бред Пит и Џенифер Анистон добија можност повторно заедно да ги одиграат главните улоги во голем и многу исплатлив проект, каде ќе мора да бидат вљубена двојка.

Близок извор тврди дека не постои причина што ќе ги спречи да одбијат толку квалитетна и профитабилна понуда.

Тие двајца ги средија односите, а продуцентите на филмот нестрпливо го очекуваат нивниот одговор, имајќи предвид дека ниту Бред, ниту Џенифер не сакаат да глумат вљубена двојка, па затоа преговорите се во тек.

Џенифер и Бред никогаш досега не биле заедно да филмско платно, освен во една епизода на серијата „Пријатели“, каде познатиот глумец имал кратка улога.

Scroll to Top