Бред Пит, Џорџ Клуни и Мет Дејмон повторно ќе снимаат заедно

Бред Пит, Џорџ Клуни и Мет Дејмон повторно ќе снимаат заедно. Тројцата работат на новото продолжение од франшизата на „Оушн“, 15 години откако го снимија последниот дел.

Режисерот Стивен Содерберг рече дека „Тринаесетмината од Оушн“, кој излезе 2007 година ќе биде последен во франшизата. Исклучок беше „Осумината на Оушн“ во 2018 година, но со друг тим. И тогаш Содерберг повтори дека нема да учествува во овој проект.

„Сепак франшизата е многу популарна и брилијантната приказна беше шанса која е премногу добра за да ја пропуштиме“, рекоа организаторите.

Првиот филм „Единаесетмината од Оушн“, го снимија во 2001 година и веднаш стана исклучително популарен влез во жанрот на филмот за грабежот.

За потсетување, продолжението „Дванаесетмината од Оушн“, го режираше Содерберг во 2004 година, додека другото продолжение „Тринаесетмината од Оушн“ излезе во 2007 година и ја доврши трилогијата на Содерберг со суперѕвездите.

Scroll to Top