Бред Пит е во врска со шведската пејачка Лики Ли

Холивудскиот глумец Бред Пит има нова девојка, пишува британски „Мирор“. Тој веќе некое време се гледа со шведската пејачка Лики Ли. Двајцата вешто се криеле од јавноста бидејќи живеат многу блиску во Лос Анџелес. И нивен пријател вели дека се во тајна љубовна врска.

Тој вели дека особено се зближиле последнава година.

„Испадна совршено за Бред што има некој што живее толку блиску до него. Тие успеаја да ја скријат врската од јавноста многу вешто“, рече тој.

Бред и Лики биле видени минатата недела заедно во еден познат ресторан во Холивуд.

Лики Ли е родена во Шведска. Таа стана позната со своите поп-хитови. Една од најпознатите песни е I Follow Rivers, која на „Јутјуб“ е видена повеќе од 80 милиони пати.

Го има шестгодишниот син Дион, што го доби од врската со музичарот Џеф Башкер. Засега ни таа ни Бред Пит не се огласил за нивната врска.

Scroll to Top