Бред Пит го прослави својот 61 роденден

Бред Пит вчера го прослави својот 61 роденден.

Многумина го сметаат за еден од најпосакуваните мажи на светот. Холивудскиот заводник имаше многу љубови, но само две останаа запаметени.

Бред Пит и Џенифер Анистон беа еден од најубавите парови во Холивуд на почетокот на 2000-тите, а нивниот развод поради Анџелина Џоли беше наслов и скандал од епски размери.

Пит и Анистон се венчаа во 2000 година, а се разведоа пет години подоцна. Анистон потоа се омажи за Џастин Теру, но ни тој брак не траеше долго.

Бред и Анџелина се заљубиле на снимањето на филмот „Г-дин и г-ѓа Смит“. Таму глумеа сопружници кои се непријатно изненадени кога сфаќаат дека и двајцата се платени да се убијат. Тие се венчаа во 2014 година. Поради непомирливите разлики меѓу нив, како што изјавила актерката, таа поднела барање за развод во 2016 година.

Пит доби три деца со Џоли, а нивната битка за развод и старателство ги наполни медиумските колумни. Заедно имаат три биолошки деца, а три деца посвоија. Разводот беше финализиран во 2019 година.

Бред на крајот најде утеха во врската со 31-годишната актерка Инес де Рамон.

Scroll to Top