Бред Пит и Џорџ Клуни се скараа заради Џулија Робертс

Холивудските глумци Бред Пит и Џорџ Клуни, се скараа поради нивната колешка Џулија Робертс затоа што и двајцата сакаат да глумат со неа.

Извор близок до двојката открива дека и двајцата постојано ја малтретирале Џулија, дека и испраќале пораки и дека глумицата сега се чувствува како да ја прогонува некој нејзин поранешен љубовник.

„И Бред и Џорџ сакаат што побрзо да ја покренат филмската индустрија и да снимаат големи проекти, но свесни дека дека мораат да се борат еден против друг. Сметаат дека со Џулија покрај себе ќе имаат поголеми шанси. Но и двајцата сакаат да снимаат со неа во исто време“, открива неименуван извор.

Изворот открива дека тензиите меѓу двајцата глумци почнале уште откако Клуни не го поканил Бред на венчавката затоа што Амал не можела да ја поднесе Анџелина Џоли.

„Сега конфликтот ескалираше и двајцата се свесни дека ќе мораат да се натпреваруваат на филмското платно. И двајцата знаат дека со Џулија покрај себе ќе имаат поголеми шанси да го освојат пазарот“, тврди изворот.

Тој вели дека Робертс на била поласкана што и Бред и Клуни сакале да снимаат со неа, затоа што станува збор за две холивудски ѕвезди.

„Но, сега ѝ е доста од сè. Постојаните телефонски повици, пораките и поканите за вечера од двајцата беа премногу за неа. Џулија се чувствува како да ја прогонува некој љубовник“, вели изворот.

Scroll to Top