Актерката Гвинет Палтроу беше во врска со некои од најголемите имиња во Холивуд, а минатата година откри кој според неа е најдобар во кревет. За време на гостувањето во подкастот Call Her Daddy, таа ги спореди своите две поранешни момчиња, Бред Пит и Бен Афлек.
Имено, Палтроу била со Пит од 1994 година, но свршувачката ја раскинале во 1997 година бидејќи на 24 години мислела дека е премлада за брак. После тоа, таа беше во тригодишна врска со Бен Афлек.
„Тоа е навистина тешко“, рече таа откако водителот ја праша кој од двајцата е подобар. „Бред и јас имавме одлична хемија, тој беше љубовта на мојот живот во тоа време“, објасни таа, а потоа додаде: „Афлек беше технички одличен“.
Таа ги пофали и дека „добро се бакнуваат“, но дека Бред Пит е малку поромантичен од Бен Афлек. Сепак, таа призна дека Афлек повеќе ја смеел иако, како што рекла, биле повеќе склони кон расправии.
Во вториот дел од интервјуто, актерката се присети како Пит ја запросил во 1996 година.
„Беше ноќ и бевме на балконот на куќата што ја изнајмивме во еден мал град во Аргентина“, рече таа. “Посакувам да се сетам точно што рече. Беше фантастично, бев воодушевена. Во тој момент бев изненадена, добро се сеќавам. Имав само 24 години”, се присетила таа.
Таа призна дека нивното раскинување било „навистина тешко“, но „вистинскиот потег во тоа време“.
„Не ми се верува дека ќерка ми го слуша ова“, заклучила таа.
Инаку, Гвинет неодамна ја прослави 6-годишнината од бракот со сопругот Бред Фалчук. По тој повод таа објави фотографија на Инстаграм. На фотографијата таа и Бред седат на даска за веслање и се бакнуваат, а во описот на објавата напишала само: „6“.