Бред Пит ја доби Анџелина Џоли на суд

Холивудскиот глумец Бред Пит ја доби неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли на суд, пренесува entertainmes.com. Двојката веќе неколку години води војна на суд околу старателството над нивните шест деца, а сега оскаровецот доби една важна битка, пренесуваат медиумите.

Џоли минатиот месец побара иземање на судијата кој го води нивниот случај. Таа смета дека професионалните и деловни врски кои судијата ги има со адвокатскиот сим на Бред го нарушуваат судскиот процес и донесувањето фер одлука.

Сепак ова нејзино барање сега е отфрлено. Судијата Џон Оудеркирк, кој ги венчаше во 2014 година во Франција, ќе остане до крај да го води судењето. На овој начин Бред му се зголемуваат шансите да добие рамноправно старателство над децата, пренесуваат медиумите.

Анџелина не сака да го дели старателството и сака да има само таа целосен надзор над нив. Двојката ги има 19-годишниот Медокс, 16-годишната Пакс, 15-годишниот Захара, 14-годишната Шајло и близнаците Нокс и Вивиен.

Џоли единствено би се согласила на заедночко старателство само во случај Бред да дозволи таа со децата трајно да се преселат во Англија, во Лондон. Бред го одбил ова барање и вели дека сака децата да му бидат во близина во Лос Анџелес, каде што тој живее.

 

Scroll to Top