Бред Пит ја изненади девојката за Валентајн со букет цвеќе

Бред Пит покажа дека е вистински романтичар. Поради снимање во Њујорк, Денот на заљубените не можеше да го помине со 29 години помладата девојка Инес де Рамон, но затоа и испрати буќет цвеќе.

И испрати розови божури во нејзината канцеларија. Инес е директорка на компанија за накит во Лос Анџелес, пренесе „Дејли мејл“. Папараците ја снимија како излегува со подарокот.

Извор близок до нив за магазинот „Пипл“ потврди дека подарокот и бил испратен од Бред Пит, кој во моментов го снима во Њујорк филмот Wolves заедно со неговиот колега и пријател Џорџ Клуни.

За потсетување, Бред и Инес врската ја започнаа на концерт на Бон Вокс во Лос Анџелес. Бред наводно ја запознал преку свои пријатели. Почнаа да се дружат по само два месеци откако Инес се разведе од глумецот Пол Весли.
Scroll to Top