Бред Пит ја однесе новата девојка во Франција, на имотот кој го купи за Анџелина Џоли

Популарниот холивудски глумец Бред Пит, ја однесе новата девојка Никол Потуралски, на имотот во Франција, кој го купил за Анџелина Џоли. Двојката неодамна се врати од Франција, а Бред веднаш потоа се упатил во посета на домот на Џоли за да ги види децата.

Тој вели дека не е премногу загрижен за тоа што ќе помисли Анџелина, за неговата нова девојка и затоа што ја однел на нивниот претходно заеднички имот. Бред бил снимен пред домот на Џоли со својот автомобил.

За Никол се шпекулира дека е сè уште во брак со бизнисмен од Германија, кој е и сопственик на еден од најпознатите ресторани во Берлин, Borchardt. Таа со него го има синот Емили Марија, но според пишувањата на медиумите, Германецот нема проблем со нејзината врска со Бред Пит.

„Тој и Никол се во отворен брак. Воопшто не е љубоморен“, изјавила блиска пријателка на Никол.

 

 

Scroll to Top