Бред Пит ја прифатил улогата во филмот „Господин и госпоѓа Смит“ во 2005 година само поради неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли, пишуваат светските медиуми. Двајата глумци ги имаа главните улоги на шпиони.
Продуцентите и режисерот имале во план да ја ангажираат австралиската глумица Никол Кидман, но близок извор до глумецот открива дека немало хемија меѓу нив двајцата.
„Бред во еден момент се повлече од целиот проект. Повторно прифати да снима кога дознал дека партнерка ќе му биде Анџелина Џоли“, вели изворот.
Многумина веруваат дека во тој период Бред ја изневерил Џенифер Анистон, со која сè уште бил во брак. Џоли негирала дека имале афера, пред официјално да се разведе од Анистон.
„Не дозволив Бред да ја изневери Анистон кога го снимавме филмот. Не можам да дозволам неверство, кога и самиот мој татко ја изневери мајка ми. Тоа е нешто што никогаш не би си го простила. Не би можела да се погледнам во огледало наутро. Не ме привлекува маж кој би ја изневерил жена си“, изјавила Џоли.