Бред Пит ја тужи Анџелина Џоли, му го продала имотот сосе лозјето без да го праша

Бред Пит и Анџелина Џоли не ги намалуваат конфликтите откако се разведоа, а познатиот актер сега поднесе тужба против поранешната сопруга. Тој ја обвинува дека незаконски го продала нејзиниот дел од нивниот заеднички француски имот замокот Миравал, пишува Сикс. Според Бред, по разделбата се договориле ниту еден од нив да го продаде својот дел од имотот во кој се венчале во 2014 година без согласност на другата страна, но Анџелина не го испочитувала договорот.

Холивудскиот актер во тужбата тврди дека иако лозјето во замокот станало неговата страст, ​​Анџелина дрско го продала својот дел на рускиот бизнисмен Јури Шефлер без негова дозвола, што било причина повторно да се најдат на суд по бројните тужби во борбата за старателство.

Тој поднел тужба до Високиот суд во Лос Анџелес, а неговиот адвокат ја открил причината за таквиот потег.

„Џоли продала дел од имотот без знаење на Пит, ускратувајќи го правото на согласност и правото на прво одбивање што нејзиниот бизнис нему му го должи.  Таа го продаде својот дел иако знаеше дека рускиот бизнисмен ќе се обиде да го контролира својот дел од имотот и бизнисот.

Бред љубовта кон грозјето и виното ја претвори во мултимилионски бизнис, а овој потег на неговата поранешна сопруга сигурно ќе му ја загрози работата. Брачниот пар се уште е на суд поради старателството над децата и нивниот заеднички имот.

Scroll to Top