Бред Пит ја влечел и туркал Џоли во авион, медиумите дојдоа до обвиненијата кои актерката ги поднесе во ФБИ

By

Светскиот магазин People, преку законот за слобода на информации, го добил извештајот од ФБИ, кој Џоли претходно годинава анонимно го поднесе против нејзиниот бивши партнер Бред Пит.

dobivaj vesti na viber

Таа го обвинила бившиот за семејно насилство. Во него се вели дека ѝ нанел повреди и дека викал по децата, за време на еден лет во авион во 2016 година. Во документите Џоли навела дека Бред Пит бил пијан и дека им се заканувал за време на летот од Франција кон Лос Анџелес.

Истрагата беше затворена до ноември и не беше покренато обвинение. Извор близок до Бред Пит тврди дека тој и Џоли ги имаат спорните документи веќе шест години, а Џоли најверојатно имала намера повторно да го нападне Пит.

„ФБИ истражи. Подготвија материјали и заедно ги прегледаа и одлучија да не го обвинат. Кои се мотивите на едно лице да го троши времето на службите и да троши јавни средства за поднесување  анонимни барања за FOIA за материјал кој го има со години? Постои само еден, да се нанесе најголема количина болка на бившиот. Нема никаква корист од тоа. Ова е штетно и за децата и за целото семејство ако се открие вистината“, рече изворот.

Џоли тврдела дека покрај заканите и повредите кои ги добила од Бред Пит, актерот направил штета во приватниот авион, од неколку илјади евра. Во извештајот исто така стои дека имала повреди на грбот и лактот, и рани од изгореници на раката, додека Пит се здобил со гребаници за кои Џоли призна дека можно е таа да му ги нанела.

„Тоа не е документиран факт. Тоа е она што таа тврди дека се случило. Тоа е истражено и не е подигнато обвинение. Стандардно е таквите работи да не се објавуваат“, рече изворот близок до Пит.

За потсетување, Бред Пит и Анџелина Џоли ги имаат Мадокс, Пакс, Захарија, Шила и 14-годишните близнаци Вивиен и Кнокс. Борбата околу старателството сè уште е во тек.

 

 

Ќе ви се допадне