Бред Пит како 30 годишен фраер годините ништо не му можат, велат фановите на актерот

Како во филмот „Необичниот случај на Бенџамин Батон“, во кој ја играше главната улога, Бред Пит (59) не старее, туку се помладува. Минатата недела актерот сними нова реклама за италијански производител на машини за кафе со која долго време соработува, а папараците го фотографирале актерот во француското градче Туртур.

Пит, всушност, изгледа најмалку дваесет години помлад од неговата возраст – како да се вратил на почетокот на 21 век, во средината на триесеттите години.

Неговите обожаватели побрзаа да ги споделат фотографиите на социјалните мрежи, коментирајќи дека годините ништо не му можат на актерот и дека Бред открил некој извор на младост.

Вистина е дека на повеќето фотографии очилата за сонце му ги кријат очите, околу кои најлесно се гледаат годините, но Пит ја има старата фризура, кратка и малку разбушавена руса коса од периодот на „Оушн 11“. Не е познато каква е приказната за рекламата, но Пит изгледа елегантно, облечен во бело, со златен часовник на раката.

Папараците го снимија како разговара со снимателите и останатите членови на екипата и рекламната партнерка Карина Беуте.

 

Scroll to Top