Бред Пит одбил да глуми во „Матрикс“, актерот можел да заработи 250 милиони долари

Холивудскиот актер Бред Пит вели дека ја одбил главната улога во филмот „Матрикс“, со која можел да заработи и повеќе од 250 милиони долари, пишуваат светските медиуми.

„Ја одбив улогата бидејќи почувствував дека не е за мене. Филмот го направија и јас сè уште верувам дека таа улога беше наменета за некој друг“, изјавил Пит во едно од своите интервјуа.

Наместо „;Матрикс“, Пит во тој период го сними „Fight Club“, филм кој доживеа огромен успех на бокс-офисот и стана култен.

Главната улога во „Матрикс“ подоцна му била понудена и на неговиот колега Вил Смит, но и тој ја одбил. На крајот Кијану Ривс прифатил да го игра главниот лик Нео.

„Матрикс“ во 1999 година беше премиерно прикажан. Филмот доби три продолженија, го прослави Кијану Ривс, кој овие денови го снима четвртото продолжение.

Бред Пит и понатаму е еден од најбараните актери, но вели дека глумата повеќе не е нешто што го прави среќен. Последното негово појавување беше во филмот „Си беше еднаш во Холивуд“.

 

Во моментов Пит вели дека е среќно заљубен во германскиот модел Никол Потуралски. Тој минатата година изјави дека има намера да се повлече од сцената и да му се посвети на семејниот живот.

„Се појавувам зад камерите и уживам во тоа, но тоа го работам сè помалку и помалку. Верувам дека оваа работа е за помладите актери. Не сметам дека нема значајни делови за постарите ликови, туку само чувствувам дека тоа е природно. Постои природна селекција за сите“, изјавил Пит во интервју за CQ.

 

 

Scroll to Top