Бред Пит пијан им викал на децата, Анџелина Џоли има снимки што може да го уништат актерот

By

Анџелина Џоли поседува снимки од својот поранешен партнер Бред Пит, со кои би можела да му го уништи животот, пишува таблоидот Life&Style.

Според пишувањата на таблоидот, оскаровката поседува снимки на кои се гледа како Бред Пит ги вознемирува нивните деца додека бил пијан. Анџелина е подготвена на сè за да ја добие битката за старателството над нивните деца, открива извор близок до нив двајцата.

Уште во 2016 година медиумите почнаа да пишуваат за проблемите што Бред Пит ги имал со алкохолот и испадите на бес. Последниот таков инцидент се случил за време на еден приватен лет кога Бред му викал на својот најстар син Мадокс.

По тој инцидент, Џоли ги поднела и документите за развод, открива изворот. Таа сега е подготвена да ги предаде видеата во јавност, кои ги снимила пред четири години.

„Ако материјалите дојдат до судот, јасно е кому ќе му припаднат децата. Не е тајна тоа што Мадокс и Бред не се поднесуваат, а сега сите ќе дознаат каков е навистина Бред“, открил извор близок до поранешната холивудска двојка.

 

Ќе ви се допадне

AnimeDao animedao twitter: Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) Episode 4

GoGoAnime steins gate gogoanime: Hori-san to Miyamura-kun Episode 4