Глумецот Бред Пит и неговата поранешна жена, Анџелина Џоли, ќе имаат заедничко старателство над нивните шест деца, пресуди судот во Калифорнија, потврди Us Weekly. Иако Џоли бараше целосно старателство над децата, Медокс, Пакс, Захара, Шајло и близнаците Вивиен и Нокс, судот реши дека и Пит има подеднакво право да биде со децата.
Спорот за старателство почна пред пет години. Конечно, по неколкумесечно сведочење на сведоци и експерти, судијата Џон Одеркирк, пресудил во корист на Пит.
„Има значителна промена во договорите за старателство врз основа на исклучително детаљна одлука на судијата. Бред само се обидуваше да поминува повеќе време со своите деца и беше јасно дека Анџелина направи сè што е можно за да го спречи тоа“, рекол изворот за американскиот таблоид.
Според странските медиуми, Џоли ќе продолжи со својата правна борба. Таа смета дека пресудата е повеќе пробна одлука отколку крајно решение.
„Заедничкото старателство не е прашање на кое се спротивставува Анџелина, имаше и други прашања што ја загрижуваа, но судската постапка е затворена и запечатена“, вели изворот.
Адвокатите на Анџелина тврдат дека судијата не ги разгледал соодветно сите прилози и документи доставени до надлежните органи надлежни за овој случај.