Бред Пит пристигна на филмскиот фестивал во Венеција со својата сакана Инес де Рамон

Познатиот актер Бред Пит (60) вчера пристигна со својата млада девојка Инес де Рамон (34) во Венеција, со цел да ја прослави премиерата на својот најнов филм „Волци“ на 81. филмски фестивал.

Заедно со холивудскиот заводник, беше и неговата поубава половина, а за оваа прилика со својот моден избор покажаа дека се хармоничен пар кој ужива во заедничкото друштво и јасно ставија до знаење со нивните насмевки дека ова е сериозна врска.

Во Венеција е и Анџелина Џоли, поранешната сопруга на Бред Пит, но тие вешто ја избегнаа средбата која многумина ја посакуваа.

 

Scroll to Top