Бред Пит: Руски тајкун ме малтретираше и ми се закануваше, се поради Анџелина Џоли

Бред Пит моментално води правна битка против рускиот тајкун со вотка, Јуриј Шефлер за контрола на винаријата Шато Миравал што ја поседувал со поранешната сопруга Анџелина Џоли. Џоли го продаде својот удел во винаријата на Шефлер за 64 милиони долари преку нејзината инвестициска компанија „Нувел“ во 2021 година, а Пит сега се обидува да го врати тоа.

Актерот во новите судски документи тврди дека откако „тајно“ го купил „Нувел“, Шефлер објавил соопштение за медиумите во кое го објавил нивното „партнерство“, а потоа побарал да се сретнат за да разговараат. Пит истакнува дека „на крај му се заканувале“ доколку не се согласи на соработка.

„Шефлер лично презеде чекори за унапредување на неговото наводно партнерство со Пит по затворањето на трансакцијата, пишувајќи му на Пит постојано за да го натера да се согласи“, се вели во правните документи до кои дојде The U.S Sun.

„Откако го купи „Нувел“, Шефлер предложи средба меѓу него и Пит за да се „дискутира за патот напред“, се вели во документите, додавајќи дека на моменти Шефлер изразувал желба да работи со Пит, а потоа се заканувал врз основа на измислени тврдења дека Пит лошо управува со винаријата. Тврдењата беа изнесени во документи од адвокатите на Пит претходно овој месец во Врховниот суд во Лос Анџелес, пренесуваат медиумите.

Пит ја тужеше Џоли во февруари 2022 година поради продажбата на „Нувел“ и неговиот удел од 50% во деловната групација Шато Миравал контролирана од Шефлер. Во септември истата година, „Нувел“ го тужеше Пит и бараше отштета од 350 милиони долари.

Адвокатскиот тим на Пит тврди дека Шефлер, чија деловна империја го вклучува брендот на вотка, очајно сакал да заработи од „славна личност од Холивуд“. Новите судски документи тврдат дека бизнисменот сакал „да се навлезе во партнерство меѓу Пит и Џоли, две познати личности кои живеат во Калифорнија, за да профитира од славата на Пит“.

Scroll to Top