Бред Пит сака да ја види Анџелина Џоли зад решетки

Глумецот Бред Пит сака да ја види поранешната сопруга Анџелина Џоли зад решетки, пишуваат странските медиуми. Војната меѓу нив двајца сè уште не е готова. Двојката, чија бракоразводна парница трае повеќе од четири години, не дава знаци дека нивната борба набргу ќе престане.

Откако на Анџелина ѝ беше одбиено барањето за исклучување на судијата Џон Одеркрик, кој го води случајот и кој ги венча во 2014 година, сега во јавноста излезе информацијата дека Бред ќе направи сè да ја смести поранешната сопруга зад решетки.

Магазинот New Idea пишува дека на глумецот му е преку глава одолжувањето и подготвен е да ја смести сопругата во затвор ако уште еднаш таа се обиде да ја одложи постапката.

Изворите велат дека Бред одбива да разговара со Анџелина ако службениците не се со неа. Исто така, велат дека тој е подготвен со себе да донесе и полиција ако таа одбива да соработува или да се однесува насилно, нешто што веќе го има почувствувано на своја кожа.

Со оглед на тоа дека напнатоста го доживеа својот пик, се верува дека апсењето на Анџелина за него ќе претставува олеснување иако тој верува дека таа им е потребна на децата.

За потсетување, според неодамнешните изјави на адвокатите, Анџелина со барањето за изземање на судијата повеќе си направила штета отколку корист. Тие велат дека кога една од странките во бракоразводната парница ќе побара друг судија, тоа е затоа што таа странка го губи случајот.

 

 

Scroll to Top