Бред Пит сака да си замине од Холивуд и да се пресели во Франција, каде што ќе одгледува винова лоза

Бред Пит кој неодамна е виден во Мексико со новата девојка Инес де Рамон, сака да си замине од Холивуд и да се пресели во Франција каде ќе одгледува винова лоза, пренесоа американските медиуми.

Извор близок до него за Page Six рече дека неодамна ги продал мнозинството акции во неговата продуцентска куќа „План Б“ само за да се оттргне од Холивуд и почне да води мирен живот.

„План Б“ ја основаше со неговата бивша девојка Џенифер Анистон и досега успешно ја водеше.

„Бред размислува да замине од Холивуд и да се пресели во Франција, каде ќе се занимава со одгледување на винова лоза, уметност и изработка на мебел. Сака да има мирен живот“, рече изворот и додаде дека повеќе не сака да се занимава со бизнис, туку само сака понекогаш да глуми.

Објасни дека сака да му се посвети на имотот во Франција, Chateau Miraval, кој го купи со неговата бивша партнерка Анџелина Џоли. Винаријата беше еден од предметите во нивната бракоразводна парница.

Брит е познат и како страствен колекционер на уметнички дела и обожавател на архитектура. За потсетување. Годинава ќе глуми во филм за „Формула 1“, чиј продуцент е светскиот шампион Луис Хамилтон.

Scroll to Top