Бред Пит со 30 години помлада девојка на концерт во Лос Анџелес

Холивудскиот актер Бред Пит забележан е на концерт со 29 -годишна инфлуенсерка Инес де Рамон како во јавност разменуваат нежности. Ова е прва девојка на Пит која јавно ја покажал по разводот со Анџелина Џоли.

Дејли Мејл ги објави фотографиите на кој Бред Пит е во друштво на инфлуенсерката и нивните пријатели Синди Крафорд и Шон Пен, на концерт на Боно во Лос Анџелес. По завршување на концертот актерот ја испратил Инес до автомобилот на неговиот телохранител, а потоа и тој заминал со својот автомобил.

За актерот се шпекулираше дека е во врска со Емили Ратајковски.

Бред Пит се уште јавно нема потврдено дека е во врска со Инес.

Инаку Инес е поранешна сопруга на Пол Весли, најпознат по улогата во серијата  The Vampire Diaries. Таа е и активна и на социјалната мрежа Инстаграм каде што има околу 112.000 следбеници. Инес и Пол се венчале во 2019 година, а се разделија во септември годинава.

 

Scroll to Top