Бред Пит со совети до мажите како да ги задржат сопругите

Холивудскиот актер Бред Пит вели дека кога би можел да го врати времето, има некои работи кои поинаку би ги направил во 11 години минати со Анџелина Џоли.

Нивната разделба го стресе Холивуд, но и голем број од обожавателите низ светот. Бред сега вели дека има совети за сите мажи со проблеми во бракот.

„Очигледно не сум експерт за врски. Дали би направил нешто поинаку? По губењето на жената која ја обожував, по 11 години брак, ова се моите совети за сите мажи.

1.Грижи се секогаш за сопствената сопруга.

2.Работи на тоа да се сакаш себеси.

3. Заљубувај се во својата жена повторно и повторно.

4. Фокусирај се на она што е најдобро кај неа.

5. Не ја менувај.

6. Нејзината работа не е да те усреќи, тоа мораш сам.

7. Никогаш не ѝ викај на сопругата. Дури и ако си лут за нешто што го направила. Сепак, тоа е само твоја лутина и ничија друга.

8. Остани со неа во добро и зло.

9. Не биде постојано сериозен и тежок човек.

10. Посветувај ѝ внимание секој ден.

11. Не биди идиот!

12. Дозволете ѝ место за одмор

13. Биди ранлив пред неа. Таа е твојата жена!“, изјавил Бред Пит.

Scroll to Top