За разлика од своите колеги Том Круз и Џон Траволта, атерот Бред Пит на време побегнал од скиентологијата, пренесуваат светските медиуми.
Актерката Жулијет Луис го поврзала Бред Пит со оваа црква. Дека нешто сериозно не е во ред со скиентолозите, тој сфатил уште на почетокот, па не само што ја напуштил црквата, туку ја оставил и својата девојка.
Пред да стане филмска ѕвезда, Бред Пит три години кокетирал со скиентологијата, а со таа контроверзна вера го запознала неговата девојка Луис, на почетокот на деведесеттите години. Неговата врска со црквата прекинала во истиот момент кога тој ѝ раскинал.
Врската со скиентологијата Пит ја прекинал за време на прочистувањето, кое го правел во Портланд. За тој период денеска проговори неговиот поранешен црковен надзорник Мајкл Мален, кој во црквата поминал 40 години, а конечно во 2014 година ја напуштил.
Тој ја напишал книгата Brainwashed, во која го објаснил своето време поминато во неа.
„Бев школуван за надзорник на курсот, па бев испратен на тренинг во ‘Селебрити центарот’ во Портланд. Додека бев таму, се запознав со ќерката на извршниот директор на црквата. Една од работите кои ми ги кажа е дека Бред Пит, кој во тоа време излегувал со Луис, правел прочистување во центарот“, вели Мален, кој подоцна и самиот имал средба со Пит.
Во црквата луѓето често се собираат и бараат одговори за спроведувањето на курсевите, па секој месец ќерката на директорот морала да биде со Пит за тој да ја изврши својата задача до крај.
Сауната е инаку дел од постапката на прочистување, која ја развил основачот на скиентологијата, Л. Рон Хабард, а се состои од високи дози на витамини и долги часови вежбање и престој во сауна.
Според записите на црквата, Пит завршил некои терапии во 1991 година и специјален курс за проценка на луѓето во 1993 година. Но, самиот процес на иницијација опфаќал необични сеанси на кои надзорниците викале и ги навредувале потенцијалните членови.
Мален тврди дека на Бред Пит толку немилосрдно му викале, што тој одлучил да си замине и никогаш повеќе да не се врати во црквата. Од црквата се обиделе повторно да го регрутираат откако тој во 1993 година ја напуштил, но тој ги одбил сите нивни барања.
„Изгледа заклучил дека му било доста. Се обидуваа да го вратат, но тој никогаш не продолжи со скиентологијата“, изјавил Мален.
Пит во 1993 година засекогаш ѝ кажал збогум на скиентологијата, но и на актерката Луис, која во тој момент сè уште била нивен член, исто како и познатите ѕвезди Џон Траволта и Том Круз.
Црквата денес наводно располага со богатство од преку три милијарди долари готовина. Меѓу останатото имаат и бројни недвижнини во Калифорнија, Флорида и во Европа. Нејзините припадници се богати, луѓе кои можат да потрошат стотина, илјади долари на разни курсеви и книги, без кои не можат да напредуваат и да ја достигнат чистотата.
Добитникот на Пулицеровата награда Лоренс Рајт објаснува зошто толкав број холивудски актери се наоѓаат во редовите на оваа црква. Тој одговорот го наоѓа во тоа што тие стануваат членови кога се млади, бидејќи рано ги напуштаат училиштата за да станат ѕвезди.
„Тие се млади, необразовани и се чувствуваат инфериорни меѓу своите образовани врсници, лекари, инженери, банкари, а преку скиентологијата тие ја пополнуваат оваа празнина“, вели американскиот добитник на Пулицер, Лоренс Рајт.