Бредли Купер е во врска со новата девојка на Џејмс Бонд

Бредли Купер има нова девојка, глумицата Ана де Армас, пишуваат американските медиуми. Таа ја глуми девојката на Даниел Крег во најновиот филм за Џејмс Бонд. Бредли (45) и Ана, која е 14 години помлада од него, ручале заедно во хотел во Беверли Хилс, по што „Дејли меил“ напиша дека глумците се во врска. Купер и Де Армас се запознаа во 2016 година, кога го снимаа филмот „Воени кучиња“.

За потсетување, Бредли Купер пред една година ја раскина врската со рускиот модел Ирина Шајк. По ова се пишуваше дека е во врска со Лејди Гага, со која глумеше во филмот „Ѕвездата е родена“. Ана, пак, која е шпанско-кубанска актерка, е разведена од шпанскиот глумец и модел Марк Клотит.

Scroll to Top