Бредли Купер и Ирина Шајк потврдија дека се заедно додека си искажуваат љубов среде Њујорк

Бредли Купер и Ирина Шајк повторно се заедно, пишуваат светските медиуми. Тие се фотографирани додека се шетаат заедно, објави Дејли меил.

dobivaj vesti na viber

Гласините дека парот е повторно заедно започнаа во август кога Ирина и Бредли беа заедно на одмор на Бахамите со нивната ќерка.

Ирина Шајк и Бредли Купер врската ја почнаа во 2015 година. По две години, на 21 март 2017 година, супермоделот и актерот добија ќерка, на која и го дадоа името Леа. Двојката се вери и требаше да се венчаат, но раскинаа пролетта 2019 година.

По раскинувањето, Ирина Шајк наводно имаше врска со Канје Вест, а за Бредли Купер се шпекулираше дека по снимањето на филмот „Ѕвездата е родена“ е во врска со пејачката Лејди Гага.



Scroll to Top