Бредли Купер и Ирина Шајк повторно заедно

Глумецот Бредли Купер и светскиот модел Ирина Шајк повторно се заедно, пишуваат светските таблоиди. Двајцата влегоа во врска уште во 2015 година, но летото минатата година решија да се разделат. Сега извор близок до нив открива дека меѓу нив повторно се јавила искра.

„Не веруваат повеќе во родителство како што го имаа досега. Досега си ја предаваа ќерката еден на друг, но се решија тројцата да се дружат заедно. Ирина сфати дека Бредли отсекогаш бил нејзината вистинска љубов“, открива изворот за магазинот „Ок“.

Шпекулациите дека популарната двојка повторно е заедно почнаа уште пред неколку месеци. На почетокот на септември двајцата беа видени заедно со ќерката Леа. Бредли и Ирина беа видени прегрнати, а папараците успеаја да направат и неколку фотографии од нив двајцата.

Бредли и Ирина, веднаш по разделбата, одлучија да бидат добри пријатлеи и да се трудат својата љубов да ја држат колку е можно подалеку од очите на јавноста.

„Имам многу пријатели што својот приватен живот го споделуваат со јавноста на социјалните мрежи. Го ценам тоа и мислам дека е супер, но исто така сметам дека тоа е приватна работа. Само затоа што мојата работа е таква не значи дека и мојот приватен живот треба да биде ист. Одлучув зо ова прашање да останам тивка и тоа се вика приватна работа затоа што тоа е меѓу тебе и твоето семејство“, изјави Ирина во едно од своите неодамнешни интервјуа на прашањето за разделбата со Бредли Купер.

Scroll to Top