Бредли Купер не е виновен за раскинувањето на Лејди Гага

Причината за раскинувањето на пејачката Лејди Гага со нејзиниот 18 години постар вереник Кристијан Карин била љубомората која се појавила кај познатиот агент, велат извори блиски до двојката.

Во јавноста се шпекулирше дека Гага е во врска со актерот Бредли Купер, нејзиниот актерски партнер во филмот „Ѕвездата е родена“, но сега на површина испливала вистинската причина за нивната разделба.

Како бомба одекна веста за раскинувањето на Гага со вереникот пред фамозното доделување на „Оскарите“, по кое на големо се зборуваше за наводниот љубовен однос меѓу Гага и Купер.

Американската пејачка и Карин тајно се верија во 2017 година, но во последните месеци, нивниот однос тргна во надолна линија. Извори за американските медиуми откриваат дека нивниот однос повеќе никогаш не бил ист.

„Карин беше љубоморен за сè. Непрекинато и испраќаше пораки на Гага. Не му се допаѓаа ниту нејзините пријатели. На Гага тоа многу и сметаше и поради тоа реши да ја раскине веридбата“, велат извори блиски до Гага.

Пејачката во последно време ја поврзуваат и со холивудскиот актер Џереми Ренер, за кого извори тврдат дека постојано и бил рамо за плачење по нејзиното раскинување. Тие велат дека 32 годишната пејачка и 48 годишниот актер сеуште не се во љубовна врска, но сите патишта водат кон тоа.

Scroll to Top