Брена и Боба го откажаа семејниот настан поради смртта на Саша Поповиќ

Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ ја откажаа промоцијата која беше закажана, а на која требаше да се појави целото семејство Живојиновиќ.

Имено, Брена и Боба оваа одлука ја донеле поради смртта на Саша Поповиќ.

– Поради ненадејната смрт на нашиот драг пријател, ја одложуваме промоцијата на колекцијата вино. Болката е поголема од се друго и се надеваме на вашето разбирање. Новиот датум на промоција ќе биде 10 март, а за сите дополнителни детали ќе ве информираме подоцна. Ви благодариме за разбирањето. Семејство Живојиновиќ – се наведува во соопштението.

Саша Поповиќ последен пат се појави во јавноста во октомври 2024 година. Претходното лето тој напорно работеше на новата сезона и учествуваше во изборот на кандидати на аудициите низ регионот, но потоа мораше да се повлече. Додека се борел со опасна болест, колегите му приредиле изненадување и снимиле заедничко видео со поддршка што му го испратиле на Саша Поповиќ, бидејќи не можеле да го посетат дома.

Последен пат се огласи на социјалните мрежи во 2020 година, и тогаш се пожали на стрес. Потоа откри дека се консултирал со стручно лице за неговото здравје.

Scroll to Top