Брендон Фрејзер му се врати на филмот со Оскар најдобар актер за „Кит“

Холивудскиот актер Брендон Фрејзер освои оскар за најдобар актер за улогата во филмот „Кит“, додеа Мишел Јео ја однесе златната статуетка во категоријата најдобра актерка за настап во филмот „Се во исто време“.

Оскар за најдобар филм, најдобра женска улога, режија, монтажа, оригинално сценарио, споредна женска улога и споредна машка улога. „На запад ништо ново“ освои четири статуетки, а филмот „Кит“ освои две

Научно фантастичната семејна драма „Се во исто време“ освои седум оскари, за најдобар филм, најдобра женска улога, режија, монтажа, оригинално сценарио, споредна женска улога и споредна машка улога. „На запад ништо ново“ освои четири статуетки, а филмот „Кит“ освои две.

Ке Хуј Куан доби оскар за најдобра споредна машка улога во филмот „Се во исто време“.

За најдобра споредна женска улога Оскарот ѝ припадна на Џејми Ли Кертис, исто така за улогата во филмот „Се во исто време“.

Политичкиот документарен филм „Навални“ на режисерот Даниел РохерА Оскар доби оскар за најдобар долгометражен документарен филм.

Оскар за најдобар краток филм му припадна на филмот „Ајриш гудбај“ во режија на Том Беркли и Рос Вајт.

Салма Хајек и Антонио Бандерас го доделија Оскарот во категоријата најдобар странски игран филм, кој му припадна на филмот „На запад ништо ново“ на режисерот Едвард Бергер, кој годинава има најмногу номинации од земјите од неанглиско говорно подрачје, дури девет од нив, вклучувајќи го и оној за најдобар филм.

Еден од најпопуларните актери во моментов, Педро Паскал и Елизабет Олсен го прогласија победникот во категоријата најдобар краток документарен филм, каде Оскар му припадна на филмот „Шепот на слонови“ на индиската режисерка Картика Гонсалвес. Во категоријата најдобар краткометражен анимиран филм Оскар доби филмот „Момчето, кртот, лисицата и коњот“ на режисерот Питер Бајнтон.

Оскар за филм со најдобри визуелни ефекти, освои филмот „Аватар: Патот на водата“ на Џејмс Камерон, кој целосно ги спои ефектите на анимираните и играните филмови.

 

Scroll to Top