Бригит Нилсен мајка петти пат

Данската глумица и поранешна манекенка, Бригит Нилсен, вчера го роди своето петто дете, ќерката Фрида. Нилсен се породи на приватна клиника во Лос Анџелес, а нејзиниот сопруг Матео Деси на новинарите им кажа дека и мајката и ќерката се чувствуваат одлично. Двојката е во брак од 2006 година, а Фрида е нивното прво заедничко дете.

Нилсен, која за две недели ќе наполни 55 години, има четири возрасни синови и четири брака. Публиката најмногу ја памти по улогата на Црвената Соња во истоимениот филм со Арнолд Шварценегер, ама и како поранешна жена на Силвестер Сталоне.

Scroll to Top