Британски политичар раскажа како се забавувал со Џорџ Клуни

Кир Стамер, лидер на британската Лабуристичка партија, е долгогодишен пријател на 43-годишната адвокатка Амал Клуни. Тој е во одлични односи и со нејзиниот сопруг, славниот 60-годишен актер Џорџ Клуни.

Стамер за Мирор изјави за дружбата со семејството Клуни и откри какво е нивното пријателство.

„Тие ме поканија на ручек во нивниот британски дом во областа Ридинг. Ја познавам Амал многу години, таа е извонреден адвокат. Тогаш го запознав Џорџ за прв пат. Беше одлично, разговаравме за сè“, рече тој.

Тие се познаваат околу две-три години. На британскиот политичар му се допаднало тоа што актерот му дал неколку совети.

„Тој добро ја разбира политиката, затоа многу разговаравме за тоа“, го пофали Кир. Но, ручекот бил продолжен на целодневно и вечерно дружење. „Оставивме многу празни шишиња зад себе“, рече политичарот и додаде дека сè уште е во добри односи со Клуни.

 Иако нивните пријателства цветаат, се шпекулира дека Амал и Џорџ имаат проблеми на љубовното поле. За нивниот развод се шпекулираше со години, а медиумите често предвидуваат крај на нивната љубов. Списанието „Нова идеја“ неодамна објави дека парот решил да направи привремена пауза еден од друг за да размислат што понатаму.
Scroll to Top