Британскиот премиер Борис Џонсон ги споил Џорџ и Амал Клуни

Холивудскиот актер Џорџ Клуни вели дека денеска е во брак со неговата сопруга Амал, благодарание на британскиот премиер Борис Џонсон, пишува „Гардијан“. Клуни и Амал се запознале во Англија, за време на промовирањето на филмот The Monuments Men.

Клуни објаснил дека станува збор за филм посветен на луѓе кои го дале својот живот, за да заштитат некои од највредните уметнички дела во светот, да не паднат во рацете на нацистите во Втората светска војна.

Уметничките дела се наоѓале во Британскиот музеј од почетокот на 19. век, кога таму ги донел благородник, кој ги набавил под сомнителни околности. Клуни се залагал уметничките дела да бидат вратени во Грација, исто како и неговата сопруга Амал.

Актерот вели дека тоа не му се допаѓало на Борис кој во тоа време бил градоначалник на Лондон.

„Амал и јас се гледавме потајно во тој период. Вечерта кога Џонсон крена прашина околу нас двајцата, ние веќе бевме излезени на вечера“, изјавил Клуни.

Клни вели дека двајцата по таа вечера сватиле колку заеднички работи споделуваат и дека меѓнародното право и правдата е нешто што ги зближило уште повеќе.

Клуни вели дека не му се допаднало тоа што Џонсон го споредил со Хитлет таа вечер, но признал дека му е должник затоа што ја запознал Амал.

„Ќе му испратам порака за благодарност и чешел“, се пошегувал глумецот.

 

 

Scroll to Top