Британските обложувалници лицитираат со името на бебето на Меган

Британските обложувалници почнаа со прифаќањето на облози веднаш откако дознаа дека Меган Маркл и принцот Хари чекаат бебе. Веднаш откако на службената страница на кралското семејство било објавено дека младиот британски пар чека бебе, се почна со лицитација за името на новиот принц.

Се очекува Меган да се породи на пролет, а најпопуларни имиња се Александар, Алис, Артур, Филип и Алберт Николас.

Најмалата добивка се однесува на имињата на Александар и Алис. Кај машките имиња потоа следуваат Филип и Алберт со коефициент шест, а ако вложите на името Николас, можете десеткратно да го зголемите својот влог.

Во меѓуврме во игра се вклучени уште неколку женски и машки имиња. Елизабет, Дајана, Викторија. Во групата на машки имиња се наоѓа и Џејмс. Ако Хари и Меган се одлучат да го крстат бебете според покојната принцеза Дајана, мајката на Хари, тогаш за 1,5 вложени евра, можете да заработите дури 70 евра.

Исто така сè повеќе луѓе се обложуваат на тоа дека војвотката од Сасекс чека близнаци. Но, освен имињата, британските обложувалници прифаќаат облози и за тежината на бебето при самото раѓање, бојата на косата и денот во неделата кога тоа ќе се роди.

 

 

Scroll to Top