Британците бесни на Хари и Меган – двајцата трошат на непотребен луксуз

Меган Маркл и принцот Хари знаат да уживаат во животот, но колку и да ги сакаат, Британците се шокирани од начинот на немилосрдното трошење на парите од даночните обврзници за личен луксуз.

На почетокот на август, кралската двојка замина на Ибица, каде минаа една недела во најскапото летувалиште во кое отседнуваат најпознатите личности, како што се Дејвид Гета и Пол Мекартни.

За една недела во вилата на брегот на морето, кралската двојка потрошила повеќе од 120.000 фунти. Во Шпанија стигнаа со приватен авион, чие изнајмување ги чинеле британските даночни обврзници околу 20.000 фунти.

По Ибица, кралската двојка замина на Азурниот брег, а папараците ги фотографираа за време на слетувањето во Ница. На фотографиите се гледа војвотката Меган со синот Арчи, а јавноста коментира дека повторно биле платени 20.000 фунти за приватниот авион, иако од Лондон за Франција дневно сообраќајат десетина комерцијални авиони.

Освел луксузното летување, јавноста на кралската двојка и замерува на нивното лицемерие. Хари и Меган се претставуваат како љубители на природата и истакнуваат дека се загрижени за состојбата со животната околина, но секој час летаат со приватен авион кој наводно двојно повеќе го загадува воздухот во одност на регуларно патничко летало.

Покрај тоа што два пати во август летале со приватен авион, на крајот на јули исто така го искористија викендот за прошетка до Сицилија.

 

 

Scroll to Top