Бритни ги тргна сите лоши работи за мајка ѝ и сестра ѝ во мемоарите

Бритни Спирс ги тргна деловите во мемоарите во кои ги навредува мајка ѝ и сестра ѝ. Пејачката рече дека работите меѓу нив се промениле и дека сега се во добри односи. Како што пренесе „Дејли Мејл“, пејачката тргнала многу лоши работи кои ги напишала за мајка ѝ Лин и сестра ѝ Џејми.

Пејачката ги отстранила деловите во кои ги навредува, со надеж дека тоа ќе помогне да ја заздрави врската со двете.

„Бритни се лекува, а Лин и Џејми и помагаат во тоа. Сега нивниот однос е подобар од кога било претходно. Бритни и Џејми направија пакт да не се напаѓаат и се што е поврзано со нив и нивната мајка да остане во семејството“, откри извор близок до пејачката.

За нивната врска зборуваше и нејзината сестра.

„Немам ништо друго освен апсолутна љубов кон секој член од моето семејство. Ако научив нешто од минатата година, тоа е да бидам отворен. Мислам дека нема нешто повеќе што треба да кажам“, рече Џејми за Variety.

За потсетување, мемоарите на Бритни треба да излезат во октомври, а според издавачот „Галери Брукс“, книгата ќе биде неверојатно трогателна приказна за слободата, славата, мајчинството, опстанокот, верата и надежта и ќе се занимава со Спирс, која се бори да го прекине старателството на татко ѝ.

И Бритни на социјалните мрежи зборуваше за книгата.

„Вљубена сум во животот што си го изградив, по сè што направив за да се ослободам од татко ми кој ме малтретираше и контролираше 13 години. Немам семејство кое ме цени и почитува. Тоа ми е најтешкиот дел бидејќи колку и да ги сакам, тоа е нешто што веројатно никогаш нема да го преболам. Напишав три различни верзии на мојата книга, што беше терапевтско искуство за мене“, објави Бритни на “Инстаграм“.

Scroll to Top