Бритни првпат по шест години работи на нови песни

Музичката ѕвезда Бритни Спирс наводно работи на нови песни по шест години пауза. Таа го објави својот последен албум Glory во 2016 година, а потоа реши да престане да снима и да настапува додека не се ослободи од старателството што врз неа и врз нејзиниот имот го имаше татко ѝ.

Иако поп-ѕвездата не врши никаков притисок врз себе да издаде албум веднаш, нејзиниот тим почнува да размислува за нова музика и веќе се во контакт со некои поранешни соработници, објави весникот „Сан“ цитирајќи анонимен извор.

„Стапено е контакт со неколку луѓе со кои таа се чувствува пријатно да работи и ги прашале дали би сакале повторно да работат на музика со Бритни и изгледа дека сите сакаат да бидат вклучени“, изјавил близок пријател на пејачката.

„Таа помина низ неверојатно тешки години, но длабоко во себе сака да прави музика и да настапува, така што новата музика навистина може да ѝ помогне да сврти нов лист“, вели изворот.

Scroll to Top