Бритни Спирс бара од судот повеќе време да биде со децата

Пејачката Бритни Спирс бара од судот повеќе време да помине со нејзините деца. По разводот со Кевин Федерлајн, на Бритни судијата и дозволил да биде само 30% од времето со децата. Остантите 70% ги чувал Кевин.

Сега пејачката сака тоа да се промени, пишува британски „Мирор“. Бритни не е среќна што толку малку дел од времето е со нејзините деца, вели нејзин близок пријател.

„Бритни ќе биде во друштво на нејзините синови Шон и Џејден за Бадник, а за Божиќ ќе бидат со татко им. Односот меѓу Бритни и Кевин е професионален. Единствено за нешто за кое разговараат се децата. Се гледаат само кога треба да ги предадат еден на друг“, вели близок извор до пејачката.

Претходно договорот бил половина време децата да бидат со Кевин, а половина со Бритни, но тоа се промени кога во јавноста се откри дека таткото на Бритни, Џејми Спирс се скарал со едниот од нејзините синови Шон. По расправата Шон се заклучил во соба, а Кевин побарал забрана за пристап. Полицијата одбила, затоа што немало докази дека Шон бил малтретиран.

По судската одлука старателството да се подели на 70/30 во корист на Кевин, Бритни повеќе не сакала да зборува со Џејми. Наредното судење е закажано за 22 декември, кога ќе се одлучи за промена на старателството.

 

Scroll to Top